дома Европа Ковид ekcперимент во Берлин: Шест клубови дел од еkcпeрименталниот пилот проект за...

Ковид ekcперимент во Берлин: Шест клубови дел од еkcпeрименталниот пилот проект за да се утврди дали тестирањето може да спpeчи уште едно затворање

Шест ноќени клубови во Берлин викендов ги отворија вратите за околу 2.000 луѓе без маски и без ограничувачки мерки, како дел од експерименталниот пилот проект за да се утврди дали тестирањето за „Ковид-19“ може да спречи уште едно затворање на ноќните клубови во Берлин.

За да бидат примени во пилот-проектот наречен Club culture Reboot, сите учесници мораа да имаат негативен резултат на PCR тестот, најсигурен и најчесто користен метод за откривање присуство на коронавирус.

Околу 20 клубови се пријавија да учествуваат во овој проект, кој беше инициран од Министерството за култура во Берлин и специјалисти од градската болница „Шарите“, и според организаторите, на сите учесници ќе им се плаќа такса за тестирање.

Шесте избрани клубови беа избрани врз основа на системот за вентилација што го имаат, градските области во кои се наоѓаат и музичкиот жанр што го негуваат за своите посетители.

Идејата на студијата е да се утврди како безбедно да се отворат ноќните клубови без никој да се зарази.