КОГА БИЛ ПИВНАТ, КОГА ГЛАСАЛ ИЛИ КОГА ВЕТУВА: Ветува повеќе дрвја и повеќе зелени површини, а гласаше против Законот за зеленило!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот на СДСМ  за скопски градоначалник кој ќе му се спротивстави на актуелниот Коце Трајановски за функцијата градски татко, веќе започна да дава ветувања за изборите закажани за 15-ти октомври, но она што сега го ветува Шилегов е спротивно на неговите постапки во минатото, односно како тој гласал кога имало можност овие негови ветувања да станат реалност.

Потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Скопје, денеска истакна дека граѓаните на Скопје не заслужувале арогантни градоначалници кои не мислеле на нивните потреби, иако самиот претставува врв на ароганцијата кога функционерите на СДСМ со во прашање.

На собирот на Три Круши, во близина на Драчево, Шилегов обраќајќи им се на присутните по повод 8 Септември, рече дека ќе го направеле Скопје онака како што доликувало, немало повеќе да има градежна дозвола, ако не се засаделе пет дрвја за секој стан.

Истиот оној Шилегов кој сега ветува повеќе дрвја и почист воздух, во април 2016-та година гласаше ПРОТИВ предлог законот за зеленило, кој имаше за цел унапредување на просторот со зеленило, преку планско и одржливо подигање и одржување на зеленилото, заради зачувување на квалитетот и разновидноста на зеленилото, подобрување на квалитетот на воздухот, подобрување на квалитетот на живот во градските подрачја и унапредување на животната средина.

Оној кој сега обвинува за “уништување дрворедите, парковите и сите зелени површини во градот“ и кој ветува дека системски ќе го решел проблемот со загадувањето, ќе предложел еколошки решенија и ќе го зголемел процентот на зелени површини во градот, всушност гласал против сето ова кога имал можност да помогне тоа да се оствари.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This