Кандидатот на СДСМ за скопски градоначалник кој ќе му се спротивстави на актуелниот Коце Трајановски за функцијата градски татко, веќе започна да дава ветувања за изборите закажани за 15-ти октомври, но она што сега го ветува Шилегов е спротивно на неговите постапки во минатото, односно како тој гласал кога имало можност овие негови ветувања да станат реалност.
Потпретседателот на СДСМ, Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Скопје, денеска истакна дека граѓаните на Скопје не заслужувале арогантни градоначалници кои не мислеле на нивните потреби, иако самиот претставува врв на ароганцијата кога функционерите на СДСМ со во прашање.
На собирот на Три Круши, во близина на Драчево, Шилегов обраќајќи им се на присутните по повод 8 Септември, рече дека ќе го направеле Скопје онака како што доликувало, немало повеќе да има градежна дозвола, ако не се засаделе пет дрвја за секој стан.
Оној кој сега обвинува за “уништување дрворедите, парковите и сите зелени површини во градот“ и кој ветува дека системски ќе го решел проблемот со загадувањето, ќе предложел еколошки решенија и ќе го зголемел процентот на зелени површини во градот, всушност гласал против сето ова кога имал можност да помогне тоа да се оствари.