дома Uncategorized КОГА ЛИСЈАТА ПАЃААТ, А ШИЛЕГОВ ГИ СОБИРА: Перверзни 130.000 евра за чистење...

КОГА ЛИСЈАТА ПАЃААТ, А ШИЛЕГОВ ГИ СОБИРА: Перверзни 130.000 евра за чистење лисја во Скопје, гинекологија сеуште нема инкубатори!

Додека на скопска гинекологија поради недеоволен број на инкубатори секојдневно се губат невини детски животи, Шилегов ќе потроши цели 130 илјади евра за чистење на есенските лисја.

Шилегов реши да расчисти со есенската идила со вонредна одлука која ќе биде донесена утре. Овој луксуз ќе ги чини граѓаните неверојатни 130 илјади евра од буџетската каса на градот Скопје. Граѓаните му забележуваа на Шилегов во изминатиот период за неговата неагилност во однос на справувањето со сметот во градот, на повеќе раскрсници може да се забележат сеуште остатоци од собраќајни несрежи кој настанеле пред повеќе недели, додека тој се забавува по скопските кафеани . Но сепак никој не очекуваше дека сметката за граѓаните ќе биде толку висока.

СДСМ веќе подолг период на јавноста и го прикажува своето мегаломанство, кое започна со секојдневните милионски задолжувања кои за само 6 месеци достигнаа повеќе од половина милијарда евра. Во новата година Македонија ја очекува најголемиот буџет во својата историја кој граѓаните ќе ги чини долг од милијарда евра или секој гра

ѓанин во Македонија по петстотини евра. Шилегов и неговото мегаломанство е само јаготка на шлагот.