КОГА НЕМА КОЈ ДА ГИ СПРЕЧИ, ЌЕ СИ ТЕРААТ: Три дена, Вранишковски низ Македонија расшетува грчки и српски владици!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца грчки и двајца српски владици, како и српски владини функционери три дена се рашетуваат низ македонските цркви и манастири во придружба на Вранишковски и неговите приврзаници. Биле и дел од црковната церемонија што нерегистрираната пара црква на Вранишковски ја организирала за 1100 годишнината од упокјувањето на Свети Климент Охридски во Нижеполе во Битола.
poa-3

Денеска Вранишковски своите гости, меѓу нив и скандалозниот и контроверзен Врањски епископ Пахомије, обвинуван за злоставување малолетници во Србија, ги рашетувал низ црквите на МПЦ во Скопје и во Охрид. Покрај Пахомије, во Свети Наум во Охрид, на Пантелејмон во Скопје, како и во други цркви и манастири во Охрид биле и Тимочкиот епископ Иларион, како и Митрополитот на Китрус и Катерини Георгиј, Епископот Митрополитот Веријски, на Науса и Кампанија Пантелејмон, двајцата од редот на Грчката православна црква. Во нивна придружба бил и Милета Радојевиќ, директор на канцеларијата за односи со верските заедници на Србија.
poa-6

Иако станува збор за цркви и манастири на Македонската православна црква, кои се имот на МПЦ, која Вранишковски и неговите приврзаници и медиумски пулени секојдневно ја омаловажуваат и понижуваат како комунистичка и расколничка творба, сепак тој слободно без никој да му пречи ги рашетува своите гости, претставувајќи се како домаќин на туѓото. Таков случај може да има само во Македонија.
poa-1

Од друга страна пак тоа покажува дека МПЦ е далеку пред српските шовинистички владици во разбирањето на вредностите на Христијанството.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This