КОГА НЕ МОЖЕШ ПО ГОЛЕМИОТ, ГО ТЕПАШ МАЛИОТ: Државата удри по најсиромашните, запленети се 10 тони зеленчук и овошје од луѓе со најниски примања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во акцијата на Град Скопје, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи казнети се 8 нелегални продавачи по основ прекршување на Законот за јавна чистота и запленета е над 10 тони стока. Како што информираат од Град Скопје интервенирано е по барање на граѓаните, на улицата Брадфорска во населба Козле, кај мостот „Влајко“ во Влае и на булеварот Трета македонска бригада во Аеродром.

„Оваа акција беше спроведена по барање на околните жители, за да се стави крај на нехигиената и нередот што зад себе го оставаат нелегалните продавачи, како и по барање на продавачите што имаат закупено тезги на зелените пазари и уредно плаќаат за користење на тие тезги со цел заштита од нелојална конкуренција. Нелегалните продавачи на посочените локации минатата недела беа предупредени да ги отстранат своите импровизирани тезги, бидејќи во спротивно ќе им биде одземена стоката и ќе им бидат изречени казни“, велат од Град Скопје.

Град Скопје минатиот месец спрoведе акција за отстранување на дивите продавачи на Бит пазар. Од Градот велат отстранувaњето на нелегалните продавачи од повеќе локации низ градот ќе продолжи и во наредниот период во насока на воспоставување ред за пофункционален и побезбеден град.

Никој не зема во предвид, дека ваквите продавачи ги нудат најсниските цени, што е многу важно во една сиромашна земја, додека од друга страна, истите овие продавачи се обично приматели на најниските пензии, плати, и социјална помош, кои ни од далеку не се доволни за преживување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This