дома Свет КОГА РУСКАТА ВОЈСКА РАЗГОВАРА СО ТЕРОРИСТИ: Резултатот може да биде само еден...

КОГА РУСКАТА ВОЈСКА РАЗГОВАРА СО ТЕРОРИСТИ: Резултатот може да биде само еден – предавање или уништување!

Руската војска прелиминарно договори излез на милитантата група „Џејш ел ислам“ од Источна Гута, соопшти началникот на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија генерал-мајорот Јуриј Јевтушенко

„Продолжуваме да ја убедуваме радикалната група ‘Џејш ел ислам’ да прекине со борбените акции и да се разоружа. Лидерите на формацијата добија укажување на бесперспективноста на понатамошното противење и користењето на цивили во населеното место Дума како ‘жив штит’“, верок Јевтушенко.

Тој наведе дека „денес е постигнат прелиминарен договор за излез на милитантите групи ‘Џејш ел ислам’ од Источна Гута“.

Претставникот на Центарот за помирување на завојуваните страни објасни дека во склад со барањата на руската страна „милитантите за време на излезот од Дума треба да ги предадат картите на минските полиња и подземните тунели, доброволно да ги деминираат зградите, да ги расчистат барикадите и основните траси на движење и транспорт“.