дома Македонија Кога јас пpoтестиpaв пpoтив овој peжим ме праевте будaла и пеевте на...

Кога јас пpoтестиpaв пpoтив овој peжим ме праевте будaла и пеевте на нивните митинзи

Кога јас протестирав против овој режим, вие ме праевте будала. Ми се потсмевавте. Кога јас се борев против овој режим од самиот почеток, вие пеевте на нивните митинзи, игранки, нато собиранки, приватни журки и лапавте пари од буџетот…Вака пејачот Спасен Силјаноски им се обрати на колегите музичари кои го повикаа да присуствува на вчерашниот протест.

Кога мене ме гонеа со кривични пријави за непостоечки дела, вие се ситевте и се надевавте дека ќе паднам DOWN за да ви се намали конкуренцијата. Кога ми ја избркаа сопругата од работа без причина само затоа што сум патриот и гласноговорник против овој ист режим против кој вие утре ќе протестирате, никој од вас колеги не ме праша како ми е и како се справувам јас со сета оваа криза и политичко медиумска хајка против мене која вие дури сега ја почувствувавте на своја кожа.

Спасен Силјаноски протестираше и кога се затвораа уставобранителите, Спасен протестираше и кога се менуваше ИМЕТО… Спасен Силјаноски протестираше секогаш кога ѝ беше потребен на оваа држава и овој народ. Кога јас го кревав мојот глас против овој режим драги мои колеги вие ми велевте: остај политика гледај си ја музиката, некои дури ме осипуваа со пцовки…

Епа ете, остајте ја и вие политиката гледајте си ја музиката… Ама како кога таа иста политика ви ја забрани музиката?!?! …аааа значи до политиката било?!?! Многу касно го свативте она што требаше да го сватите пред многу години.

Спасен Силјаноски бил секогаш пред времето. Спасен Силјаноски одамна ја проценил неспособноста и кобните последици од владеењето на оваа политичка гарнитура, но тогаш вас не ве болеше ништо… Само си “свиркавте”, бевте себични, не сочувствувавте со болката на другите…

Спасен Силјаноски го креваше својот глас секогаш кога ѝ се нанесуваше штета на Државата, нацијата, народот… Спасен беше секогаш во одбрана на послабите, немоќните, дискримираните, угнетените… И сè тоа без никаков личен интерес… Напротив, барајќи ја правдата изгубив сè што имав од неправдата.

Спасен Силјаноски и покрај се повторно ќе биде со народот и своите колеги… Но се надевам дека и вие ќе бидете тука кога сте потребни на МАКЕДОНИЈА, и овој пат конечно заедно сплотени да ја запееме ОНАА НАШАТА… ЖИВА БИЛА МАКЕДОНИЈА”, порача тој.

ttps://www.facebook.com/spasen.siljanoski.9/posts/3379192108973535