дома Политика КОИ ПРАТЕНИЦИ ЗЕМАЛЕ ПАРИ ЗА ГЛАСАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ: Антонио Милошоски...

КОИ ПРАТЕНИЦИ ЗЕМАЛЕ ПАРИ ЗА ГЛАСАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ: Антонио Милошоски на мегдан ги извади криминалите на ДУИ, Џафери го исклучи микрофонот!

Талат Џафери вчера се обиде да го замолчи пратеникот Антонио Милошоски кој од собраниската говорница почна да ги изнесува информациите за сторен криминал на градоначалниците од ДУИ.

Во моментот кога Милошоски се обиде да ја објасни потребата од носењето на законот за двојазичност дека е со цел да се сокријат криминалите и неспособноста на ДУИ пред своите гласачи, Џафери најпрво започна да му упаѓа во дискусијата за на крај во неколку наврати да му го исклучи микрофонот со што му го ускрати правото на збор на пратеникот, едно од основните демократски права во Собранието на Република Македонија.