дома Социјални Мрежи „Кока Кола“ најави прекин на рекламирање на социјални мрежи за најмалку 30...

„Кока Кола“ најави прекин на рекламирање на социјални мрежи за најмалку 30 денови

Американската компанија „Кока-Кола“ прекинува со рекламирањето на социјалните мрежи најмалку 30 дена, поради зголемениот притисок да престане говорот на омраза на тие платформи.

– Нема место за расизам во светот и нема место за расизам на социјалните мрежи, нагласи извршниот директор на Кока-Кола, Џејмс Квинси.

Тој апелираше до социјалните мрежи да покажат „поголема одговорност и транспарентност“.

Одлуката е донесена откако Фејсбук објави дека ќе следи потенцијално штетни или погрешни/нереални коментари објавени на таа мрежа.