дома Социјални Мрежи Колев: Во тек е поставување на нова водоводна линија во Велес

Колев: Во тек е поставување на нова водоводна линија во Велес

Во тек е поставување на нова водоводна линија со приклучок на улица „Благој Јосмов“, за чија изведба се обезбедени финансиски средства од Министертвото за транспорт и врски.

Истовремено се гради и секундарна линија од фекална канализација, шахти и приклучоци во неселеното место Отовица.

За изградба на линијата се обезбедени финансиски средства во висина од 500.000 денари од буџетот на Општина Велес, а градежните работи ги изведува фирмата Изгрев Инженеринг.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.