дома Актуелно КОЛЕДАРСКА ПЕСНА НА ЗАЕВ НА ВРАТАТА НА БЕСА: СДСМ крева раце од...

КОЛЕДАРСКА ПЕСНА НА ЗАЕВ НА ВРАТАТА НА БЕСА: СДСМ крева раце од формирање на Влада, заедно со радикалите од Беса спремаат насилни протести!

Коледарската песна годинава, Зоран Заев одлучи да ја испее пред вратата на централниот штаб на радикалите од Беса во просторите во ТЦ Мавровка

Денес нема соопштение од СДСМ ниту од Беса за тоа што се разговарало на тајната средба на која што покрај Зоран Заев, од СДСМ присуствувал и генералниот секратар на СДСМ Оливер Спасовски. И покрај обидите да се сокријат од јавноста, не успеаа да се сокријат од камерите кои ги уловија двајцата во ТЦ Мавровка.

Иако јавноста остана пократка за објаснување за причината за средбата, Заев и Беса претходно разговарале за федерализирање на Р.Македонија преку промена на Уставот, а со помош на албанската дијаспора и Владата во Тирана.

https://www.youtube.com/watch?v=7pA8HJkzTjk

Со ова Заев дефинитивно му зари нож во грб на ДУИ и Али Ахмети на кого во целиот предизборен период го нарекуваше криминалец и нелегитимен претставник на Албанците. По најавата на опозицискиот портал „Плусинфо“ предводен од Бранко Геровски, а финанисран од Сорос и УСАИД, се добива впечатокот дека СДСМ ги креа рацете од формирање на Влада и заедно со радикалите од БЕСА се подготвуваат за насилни протести!