дома Балкан Колинда со честитка за Лука: Дојде на местото кое ти припаѓа

Колинда со честитка за Лука: Дојде на местото кое ти припаѓа

Првата дама на Хрватска, претседателката Колинда Грабар-Китаровиќ со видео порака се обрати до нацијата и до Лука Модриќ и му го честита најголемото инвидуално постигнување во светскиот фудбал – „Златната топка“.

Колинда, која секаде ги следи хрватските спористи, рече:
https://twitter.com/lachainelequipe/status/1069705352822906880?

„Драг Лука, во име на Хрватска и во мое лично име сакам да ти се заблагодарам тебе и на цела репрезентација на Хрватска на историскиот успех. Бевме тука со тебе во сите моменти и те кренавме тебе и останатите хрватски фудбалери на местото кое ви припаѓа“, порача Колинда.

Хрватската претседателка, со исклучок на полуфиналето против Англија, ги следеше сите најбитни натпревари на „коцкестите“ во Русија.