дома Русија Колку заработува Путин?

Колку заработува Путин?

Рускиот претседател Владимир Путин заработи 133.400 долари во 2019 година, а премиерот Михаил Мишустин 249.700 долари, според официјалните податоци објавени на веб-страницата на Кремљ и руската влада.

Во 2018 година, Путин пријавил приход од 118.600 долари. Имотнатиот лист на Путин останува непроменет. Тој е сопственик на стан од 77 метри квадратни, гаража од 18 квадратни метри, две стари автомобили „Волга ГАЗ М21“, како и теренско возило „Нива“ и караван на Скиф.

Рускиот претседател во моментот како шеф на државата користи стан од 153 метри квадратни и гаража од 18 квадратни метри. Целиот негов имот се наоѓа во Русија.

Кога станува збор за приходите на премиерот Мижустин, истиот е стекнат за време на неговата работа во Федералната даночна администрација и од депозити на претходно заработени средства, објави Тасс и пренесува Танјуг.

Според објавениот документ, Мињустин нема сопствен имот, но користи државен стан од 141 квадратни метри заедно со сопругата и малолетното дете.