дома Актуелно КОЛКУ ОД ДРЖАВАТА ПРОДАДЕ ЗАЕВ: ДУИ утре носи конечна одлука за коалицирање...

КОЛКУ ОД ДРЖАВАТА ПРОДАДЕ ЗАЕВ: ДУИ утре носи конечна одлука за коалицирање со СДСМ – барањата за редефинирање прифатени

Претседателството на ДУИ ги исцрпи сите аргументи во однос на Законот за јазикот и на крај едногласно даде согласност за текстот на овој закон, рече Бујар Османи


Претседателството на Демократската унија за интеграција на синоќешната седница ја прифатило верзијата за употребата на албанскиот јазик и е пред договор за коалиција со СДСМ.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, по завршување на седницата изјави дека едногласно е дадена согласност за предлог-текстот за албанскиот јазик.

– Претседателството на ДУИ ги исцрпи сите аргументи во однос на Законот за јазикот, и на крај едногласно даде согласност за текстот на овој закон. Го завршивме овој дел од дебатата и утре ќе почнеме со останатите делови за можната хармонизација на една заедничка платформа за заедничко владеење – рече Османи.

Тој додаде дека има уште прашања што треба да се дискутираат, но оти значајно е дека е заокружена една фаза.

– Има прашања што треба да се дискутираат, евентуално за хармонизација на платформите, за начинот на заемната поддршка. Исто така, има и други теми што ќе се отворат утре. Значајно е дека денес заокруживме една фаза од овој процес – рече Османи.

По состанокот Рафиз Алити посочи дека предлог-законот „може не е совршен“, но оти Претседателството дало согласност да се оди понатаму со СДСМ.

– Начелно го поддржавме предлог-законот за употреба на јазиците. Останува претседателот со преговарачката екипа да се сретне со претставниците на СДСМ – изјави Алити.

Утре се очекува да се одржи седница на Претседателството на ДУИ на која би се разговарало за тоа која опција е прифатлива за оваа партија.

Доколку утре ДУИ донесе одлука да му ги даде потписите на СДСМ, на Заев ќе му требаат уште најмалку два потписа од пратениците на Беса и на „Алијансата за Албанците“. Овие две партии ветија дека без никаков проблем ќе му ги дадат потписите на Заев за мандат, но не значи дека ќе ја поддржат владата кога таа ќе се гласа во Собранието.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вчера предупреди дека СДСМ и ДУИ се обидуваат да направат дефакторизација на македонскиот народ. Според Груевски, СДСМ се натпреварува самата со себе, се натпреварува колку повеќе ќе им даде на албанските партии.

– Се поставува прашањето до кога така. Дали до моментот кога во државата не ќе остане ништо за давање. Кога ќе биде раздадено сè што е стекнато со многу пот, крв и мака – нагласи Груевски.