дома Политика Колку побрзо Филипче си поднесе оставka, толку повеќе живoти ќе се спacaт

Колку побрзо Филипче си поднесе оставka, толку повеќе живoти ќе се спacaт

Колку побрзо Филипче си поднесе оставка, толку повеќе животи ќе се спасат Министерот Венко Филипче секој ден ја покажува и докажува својата неспосовност. Филипче велеше се е под контрола, а сега одеднаш нема место во клиниките, а ги нема ниту најавените 16 монтажни болници кои требаше да бидат готови. Истите беа бомбастично најавувани во првата половина на јули или уште пред одржување на изборите на 15 јули, се наведува во сопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

По се изгледа најавата служеше за изборни цели. Освен што почнува да снемува место по клиниките, од здравствените установи почна да заминува и медицинскиот кадар. И наместо да ја прфрла вината Филлипче треба да сфати дека трена да работи. Но осум месеци не направи ништо освен погрешни прогнози, погрешни чекори, погрешни, несоодветни и задоцнети мерки. Од неговата проценка дека ќе има околу две илјади заразени, бројката достигна 20.555, а бројката на починати се движи кон 800. Веќе неколку дена има повеќе од 15 проценти заразени од вкупниот број на тестирани. За погрешните политики и последиците од нив Филипче мора да понесе одговорност.

Филипче да поднесе оставка! -бараат од ВМРО-ДПМНЕ.