March 29, 2024, 10:51 am

КОЛУМНА Драган Павловиќ – Латас: Награда

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

uploadsthumbs215165Влегуваме во финале за избор на нова влада. Дали е можно СДСМ и ДУИ да се договорат. Да, можно е. Дали е тоа сигурно и извесно. Не, не е сигурно, и колку што е можен договор, барем исто толу можно е и ДУИ да не се договори со Заев.

Да ги разгледаме околностите, со равноправен третман.

ДУИ е единстевн губитник на овие избори, и тоа сериозен пораз со загуба на скоро 40 проценти на гласачите во однос на минатите избори што создава сериозен земјотрес во партијата. Толку голем земјотрес што и шефовска фотеља на Али Ахмети се тресе.

Зошто ДУИ загуби. Затоа што СДСМ им зема 30.000 гласачи и ги стави на своја сметка, а потоа уште 40.000 гласови им зема Беса затоа што Теута Арфи во Тетово, Бејта во Гостивар и Изет Меџити во Чаир работеле лошо, создале критична маса на противници кои, потоа, гласаа против ДУИ. Ако само се погледнат општините и местата во кои СДСМ им земал гласови на ДУИ веднаш, без многу анализа, ќе се види дека се тоа општини и села во кои најголемо влијание имаат командантите на УЧК: Танушевци, Гошинце, Арачиново, Кондово, Сарај, Студеничани… комаданти на УЧК со кои СДСМ има сојуз.

Дело од тој сојуз за УЧК помош на СДСМ е и нападот врз полицијата во кумановско Ново насеље, во мај 2015, време кога СДСМ вршеше удар врз институциите и владата со објавувањето туѓи приватни телефонски разговори и насилни демонстрации низ Скопје.

Се продаваа низ Македонија, Косово и Србија и се објавуваа телефонски разговори, и службени и приватни, на Али Ахмети и други функционери на ДУИ додека во исто време, паралелно, медиуми на македонски и албански блиски до СДСМ, Сорос и американската УСАИД фондација тераа брутална кампања против ДУИ и Ахмети. Резултатот е виден.

СДСМ е иницијатор  на постапка против Али Ахмети и Муса Џафери пред СЈО за криминал и поткуп од Телеком. Од СДСМ зависи дали тие ќе преживеат на слобода.

Тоа се силни аргументи на Заев и СДСМ да го натераат Ахмети на соработка.

Според сево ова, а не е само тоа, СДСМ има директно влијание врз лошите изборни резултати на ДУИ заради кои сега партијата доживува земјотрес.

И, после се, Заев и СДСМ на поразениот ДУИ му нудат коалиција, соработка. Треба да си ѓон образ, и да погазиш сопствен лик, дело и достоинство и после сево како валкан изгазен партал да седнеш со Заев на маса и договараш коалиција.

Дали Али Ахмети и неговите први соработници кои две години беа газени од Заев и СДСМ се парталот со кој Заев ќе го брише патот до нова влада? Ќе видиме.

Ако Ахмети, Муса Џафери и партијата навистина имале криминал со Телеком, случај кој сега им го водат СЈО и Зоран Заев, ќе мора да спасуваат глава и да преговараат. Во тој случај, нив не ги интересира ни албанска платформа, ни углед ни политичка визија туку само гола заработка и надеж дека заработеното ќе се сочува. И – ќе се договорат.

На тој начин Заев и СДСМ ќе бидат наградени од нивните жртви. Прво што Ахмети ќе го добие како награда, компензација, е тоа што СЈО ќе го ослободи Али Ахмети од одговорност за корупција со Телеком. Како што ги ослободија Заев и Верушевски.

ДУИ е партија која речиси во целост лежи врз личниот авторитет и итрина на Али Ахмети. Она другото, околу него, во голем дел паразитира и се храни од придобивките на неговата политичка големина. Познато е дека Али Ахмети и неговите најблиски соработници беа за коалиција со ВМРО ДПМНЕ, што беше напаѓано од паразитите во партијата и губитниците – градоначалници. Доколку Ахмети потпише коалиција со СДСМ тоа е пораз на неговиот став и концепт. И тоа јасен и голем пораз по кој неговата власт во партијата се доведува во прашање, и се охрабруват многумина да имаат свои планови.

Што откако ќе се договорат.

ВМРО ДПМНЕ има голем капитал за во иднина. Тие се изборни победници на кои дипломати им ја украле победата за да се создаде албанска власт во Македонија.

Во ВМРО, уште пред и да почнат преговорите со ДУИ за можна влада, постои еуфорија дека партијата треба да биде опозиција. Сметаат дека пред нив се големи можности и потенцијал од опозиција да ја афирмираат својата улога на единствена голема, автентична, македонска партија и дека со тој голем потенцијал можат на првите наредни избори да освојат над 500.000 гласови, после што следат повеќе од 61 пратеник и самостојна власт. Владеењето на албанската влада на СДСМ само ќе им ги потврди вредностите.

Секако дека во таа идна власт на ВМРО ќе има место и за албанска партија, но по прекршувањето на правилото – најсилната албанска со најсилната македонска партија – речиси е сигурно дека идниот коалиционен партнер на ВМРО нема да биде ДУИ. Со тоа ДУИ ќе замине во историјата, како што заминаа ПДП и сега заминува ДПА. Особено затоа што ВМРО нема да даде свои гласови за градоначалници на ДУИ во Тетово, Чаир, Гостивар… каде што ВМРО се посилни од СДСМ, а Заев мора да даде шанса на свои албански кандидати, и да помага на Беса, својот стратешки партнер.

Сега има барем пет албански партии во парламентот (Плус СДСМ како дел од албанскиот етнички камп) и изборот на ВМРО за партнер во иднина би бил голем.

Секој кој барем површно следи политика и медиуми може да ги забележи овие тенденции во ВМРО ДПМНЕ, било преку ставови и изјави на лидерите, било на терен. Тоа е забележано и од дипломатите кои не се равнодушни на новата реторика, планови и потенцијал на ВМРО кој, со силна економска и македонска етничка компонента може да предизвика движења и сигурно нови избори уште во текот на оваа, 2017 година. Значи, и од домашните и од странските монитори е констатирано дека власт на СДСМ и ДУИ нема иднина, особено не подолга од една година. А потоа… јасно е што следи.

Дека следи хаос во економијата, криза со пензиите, со слободата на медиумите, субвенциите и иневстициите тоа никој не го ни оспорува. Тоа е сосема сигурно и извесно. Ако кон тоа се додаде и гневот на Македонците дека странски допломати и Тирана им наметнале албанска власт во државата, кризата е комплетна и со силен потенцијал.

Кулминација на потенцијалот за криза, и согласно тоа како одговор за силен отпор – се и мерките кои СДСМ ги најавува: масакрирање на политичките противници преку СЈО и нивните платени соросоидни медиуми, затварање и рекетирање фирми и медиуми, бркање од работа на судии, обвинители, полицајци, државна администрација… СДСМ ќе создаде широк фронт на противници, и тоа силни и активни, кои немаат друг избор.

Судиите и обвинителите кои кај СДСМ се за отстрел единствен спас гледаат во ВМРО ДПМНЕ и блокадата за нивна смена во Собранието и низ протести и демонстрации.

Работата на ВМРО ДПМНЕ е само да ја процени таа состојба и да го артикулира и усмерува тој гнев и страв на големи целни групи. Се друго е само последица и егзекуција.

По смената на власт во Вашингтон новиот претседател Трамп отвори широка акција против Џорџ Сорос, главниот странски финансиер и ментор на СДСМ. ВМРО ДПМНЕ и онака е проамериканска партија но, сега има и аргумент повеќе пред Вашингтон. Имено, за прв пат, некоја македонска партија, во случајов ВМРО и Груевски, се директни партнери на власта во САД. На Трамп му требаат докази против Сорос, а тоа што на Трамп му треба ВМРО и Груевски го имаат во изобилие да му го дадат. И му го даваат.

Има многу докази, а плус од нив се и насловите во медиумите финансирани од Сорос или УСАИД, дека Трамп е фашист, кретен, диктатор… ги читате секој ден. Трикот со потписи на соросоидни професори и нивни активисти за поддрршка на Бејли е доказ за соменвањата на Конгресот. Наместо потписи можат да стават само печат од фондацијата Сорос Македонија – исто им е.

Како што изјави конгресменот Смит кој покрена истрага против овдешниот американски амбасадор Џес Бејли, свиркачи од Скопје им доставуваат материјали кои им се потребни. А докази има еден тон дека американската амбасада под Џес Бејли директно соработувала и го помагала СДСМ и Зоран заев, и директно поддржувала и штитела насилни протести финансирани од Сорос и УСАИД, како што директно поддржува и насилства и притисок врз медиуми од страна на СДСМ и од СЈО на чело со Катица Јанева кои водат постапки против видни новинари и медиуми откако Заев и СДСМ со прст им покажаа на СЈО и на Катица кои се нивни главни непријатели.

Истрага во Конгрес за амбасадор, без оглед на исходот, значи проблематизирање за неговата дипломатска кариера и уривање на неговиот углед и таму, и овде. Тоа значи и дека Бејли, а и неговиот наследник, нема да имаат така комотна положба за држење страна и фаворизирање на СДСМ во иднина. Готово е со таа пракса.

Со затворање на чешмите за пари од УСАИД и Сорос веќе од есен, и потоа, СДСМ и соросоидите, како и нивните медиуми, остануваат покуси за околу 10 милиони евра годишно. Тие се луѓе навикнати на многу пари, во опозиција направија куќи, имаат по два или повеќе станови и месечни приходи од неколку иљади евра. Без пари тие се риби на суво.

За да ги одржува во живот, ако добие влада, Заев ќе мора да ги храни со државни пари, а тоа е нов влез во корупција која, и онака, е заштитен знак на Заев и СДСМ.

Дали СДСМ и Заев ќе бидат наградени од Али Ахемти за сето она што му го правеа?

Дали мајката ќе му ја даде ќерката на оној кој ја и силувал и осрамотил?!

Има и такви. Алчните браќа и сестри на силуваниот Али Ахмети и ДУИ ја немаат неговата болка и срам, за нив е важен само нивниот градоначалнички интерес со новите функции и парите од власта со Заев. А Ахмети? Кој го ебе, порачуваат неговите партиски паразити.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This