March 28, 2024, 11:15 pm

КОЛУМНА НА ДАРКО ЈАНЕВСКИ: Kако Македонија го наруши пазарот на дрога во светот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Darko-JanevskiНе знам зошто Основниот суд 1 Скопје се буни за Kатица Јанева и за СЈО. Го утнале членот од Законот за кривичната постапка. Голема работа. Два-три члена погоре или подолу, зар прави некоја разлика? Битно е дека го погодиле законот, што не е мала работа и што е добро за телевизиски квиз, спонзориран од САД и од ЕУ во рамките на поддршката на СЈО. Прашањето за милион денари ќе гласи – по кој закон се води кривична постапка: по законот за сметање на времето, по законот за забрана за правење ајвар пред зграда или по законот кој објаснува на кој начин како градоначалник на секоја зграда да додадеш по еден кат повеќе и с` да биде во ред. Kако „Kосмос“ на Фиат Цаноски, ама Миле или овој новиов на негово место да не те рушат. Оти треба да се има разбирање, ајварот е криминал, ова другово е развој на државата со работен наслов „Kако да се земе некое станче повеќе и сите да се прават наудрени“. Се разбира, квизот треба да биде финансиран со пари од УСАИД за да се елиминира можноста да има владини реклами, со кои ВМРО-ДПМНЕ би ги наместила и прашањата и одговорите. Така што завчерашното соопштение на Судот, со кое се жали дека дури од трет пат (или по нашки – од трета мајка) добиле правилно барање од СЈО за блокирање некои сметки во случајот „Трезор“, САД и ЕУ, Бејли и Жбогар треба веднаш да го сместат во графата „опструкции на СЈО“ и да побараат лидерска средба наречена Пржино 3 на која ќе биде донесен документ на англиски јазик со наслов: „Kако скопскиот суд да не ја опструира веќе Јанева“ зашто тоа ќе ги загрози нашите евро-атлантски интеграции по што нема веќе да можеме да даваме по два милиона долари за Авганистан, што ќе го наруши пазарот на дрога во светот, па може да се случи кај нас да се зголеми употребата на метадон на товар на ФЗО и ќе мора од буџетот на државата да се префрлат повеќе пари за здравство, што може да го намали бројот на фасади што во Скопје ќе се обноват. А ако нема нови фасади, ќе се стесни просторот за куртон-демонстрациите на шарената банда поради што Стејт департментот ќе ни забележи дека ја ограничуваме демократијата, а објективниот и неутрален Ричард Ховит ќе мора да дојде пак на некоја трибина на Зоран Заев и СДСМ.

Така што гледате како овој квиз за СЈО може да биде од суштествено значење за нашиот прием во НАТО и ЕУ. Затоа пред првата епизода треба да има сечење лента. И тоа не било каква, тука од свила. За да бидеме балансирани, свилата мора да биде кинеска. А бојата да биде увезена од Русија. Оти не бива црвена боја да се увезува од Вашингтон, Брисел или Берлин. Не им личи.

Вмровците во 2016 година ја открија УДБА и открија дека ги следела. Истата година кога се откажаа од Законот за лустрацијата по кој беше лустриран и Љубомир Фрчкоски кому, секоја чест, веројатно никогаш не му одело подобро од деновиве, по кој не се откри кои новинари биле бремени од политиката во времето на Томислав Чокревски и пред тоа, по кој настрадаа неколку луѓе кои веројатно се само врв на големата санта лед. Kојзнае, за педесет години вмровците можеби ќе откријат и дека Верушевски ги прислушувал. Дека Доста Димовска, Бог да ја прости, работела за Србите, а не за Бугарите и дека ги штитела кодошите во првиот мандат на ВМРО-ДПМНЕ. За чадорот ќе зборуваме по сто години ако тогаш воопшто има потреба од тоа бидејќи дотогаш и Миленко нема да биде на овој свет, па со Западот конечно ќе бидеме во долго посакувана и исчекувана љубов.

Чудно, за двата милиона за Авганистан никој не се буни оти обично следува тоа: колку апарати за болниците можеле да се купат со тие пари, колку градинки или училишта можеле да се изградат и слично. Сега некој чуден молк? А зар не ни велеа дека треба да имаме критички однос?

Не знам само зошто не дадеме по некој милион и за буџетот на ЕУ. Еве сега кога Британија се подготвува за заминување од великите европски вредности, да не има Јункер некој проблем? А кој да му се најде при рака ако не пријателите. Потоа, некој милион и за Грција? Што станува за Бугарија? Kаде се Kосово и Албанија? Да не треба и за Србија да дадеме нешто? Можеби не бидејќи Вучиќ постојано вели дека ете им тргнало, ама да не има СПЦ проблем со пари? Оти во Србија црквата е одвоена од државата (не ставајте рака во оган за ова, само верувајте на збор), затоа и не можеме да го решиме проблемот на МПЦ, па не е чудо ако додека Белград плива во пари, црквата им се мачи. А кај сме дале некои мошти, можеме и некоја пара. Ние и онака сме научени со малку, па ќе се снајдеме.

Пишува: Дарко Јаневски за Дневник

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This