КОЛУМНА НА ЛАТАС: Двојазично!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

latas-640x426Десет недели пред изборите работите стојат вака:

1. Никој не е сосема сигурен дали избори на 11 декември воопшто ќе има
2. Заев, за секој случај, свика конгрес со делегати што самиот персонално ги бирал за да не мора да има Конгрес на СДСМ по изборите, кога ќе се бара негова оставка. Најпосле, конечно ќе има гласање во кое Заев ќе победи под мото: Сите сме Заев!
3. Заев пред конгресот вети дека ќе распише тендер за подобар народ, овој не го бива, не ги разбира неговите идеи. Комисијата ќе биде составена од Најчевска, Геровски, Фрчковски, Стево Пендаровски и Бранко Тричковски. Тие имаат најмногу забелешки за овој народ кој со години го нарекуваат глуп, прост, неписмен, говеда, стока, будали, скапан… Граѓаните мора да се соочат со последиците од својот глас на изборите, кој згрешил мора да плати. Претседател на тендерската комисија, нормално, ќе биде Петре Шилегов.
4. Шекеринска ја нема никаде, време е за шопинг. Што пазарила ќе видиме на митинзите кои следат. Фразите пред камери и се исплакнати и бајати, но гардеробата е нова и скоцкана. Таа е стасана до оној момент кога може да каже било што без последици. Никој не ја слуша.
5. Шилегов бара од Заев да се продолжи со објавување на бомбите бидејќи двата стана што ги стекна и купи од првиот бомбашки турнус му ги проширија видиците. Како космополит, на него Македонија му е мала, па мора да се здоми и надвор, во странство.
Клучевите од становите на Шилегов, пошто ги има поприлично, имаат вградено ГПС-чип за да се снајде кој стан каде му е сместен. Дури и кога е трезен, се збунува.
6. Објавен последниот повик за прелетачите од партија во партија. Павле Трајанов е најактивен. Љубчо и Љубе се на стендбај. Нивното ВМРО-вско минато го менуваат за светла иднина со СДСМ, и заради заштеда ги дават ветувањата од минатите избори.
7. СЈО верува дека избори ќе има. Интензивно ги тресат штабовите, финансиерите и поддржувачите на ВМРО од јавниот живот, и им нудат статус на сведок ако ја сменат страната. Ако притоа и ги истресат џебовите кај Вице, ќе бидат заштитени сведоци.
8. Телма и сестринските и медиуми собрани под Чадорот бараат нови три милиони евра од дипломатски извори. Овие три примени досега не им стасале ни за хонорари. Дипломатите се најдоа во небрано, нашиве домашни одработувачи трошат повеќе отколку што по глава на жител дипломатите потрошиле во Украина.
9. Заев им вети на пензионерите поголеми пензии и од овие на Груевски, само да се стрпат барем 20-ина години додека му тргне, после ќе има за сите. Вице собира кеш за пензиите, и резултатите од акцијата му се за респект.
10. Шарените анархисти со финансиска помош од дипломатите и Сорос организраат научен семинар, меѓународен, на кој ќе се утврди дека има разлики помеѓу нив, СЈО и СДСМ. Задачата е тешка но, наследниците на Ванхојте знаат што и како треба.
11. Тим странски експерти ќе дизајнира, а СДСМ предизборно ќе најави, цевковод за мед и млеко од Брисел до Македонија. Цевководот за мед и млеко свечено ќе биде отворен штом Заев стане премиер. Иако Заев се мисли дали да ја прифати премиерската функција, затоа што оваа што ја има има поголеми капацитети за профит. Познато е дека Заев не го интересира слава и пари. Само пари.
Отворањето на цевководот за мед и млеко Брисел-Македонија во присуство на СЈО, Џорџ Сорос и еминентни амбасадори ќе биде пренесувано на Телма, Ред Тјуб и Јупорн, како пример на политика соголена до коска.

Отприлика, тоа се забележаните појави на десет недели пред изборите. Секако, секој од вас има заебележано уште по нешто, па на списоков допишете и нешто свое.

Она што е централно, тоа се активностите на СЈО, и проектот за двојазичност.
СЈО е во залет, а богами и трошоци. Секој ден појавување си бара нови фризури, костимчиња и севкупна тоалета. Па и од тајниот буџет на СЈО да е, голем трошок е. Ги има толку често што децата мислат дека Катица, Ленче и Фатиме живеат во телевизорот. Ефектот од појавите на оваа тројка од СЈО не е битен. Тие и онака никому за ништо не одговараат, освен на Чадорот. Штом е така, редно ќе беше Чадорот и да ги плаќа.

А тајниот буџет на СЈО и не е таква мистерија како што некои сакаат да го претстават. Катица на пратениците им објави дека нема да каже каде ги троши парите но, помалку или повеќе тоа се гледа. Не само по гардеробата, поклоните и шетањето наоколу.
Еве, на пример, деновиве медиумите објавија видео снимка од мејлови што некој безобразен (!) тајно ги украл и снимил од серверот на СЈО. Па на тие мејлови може да се види многушто. Ова на пример:
СЈО ангажирале невладини организации да им спроведат предавања и обука: Цивил, Мост и Институт за човекови права. Тоа се истите оние кои повикуваат или организираат, заедно со СДСМ, собири за поддршка на СЈО.

Или, со други зборови, СЈО плаќа од државни пари собири кои даваат поддршка на СЈО и на предизборните активности на СДСМ. Поштено, нема што. СЈО-СДСМ-НВО.
Ако се дополни дека истите овие невладини примаат околу милион евра годишно од странски дипломатски и соросоидни извори, без многу напор ќе се види кој и како системски работи на уривање на македонскиот автентичен државен систем и јавен живот.

Во исто време, Катица и двете и придружнички најавуваат акции против нелегално финансирање медиуми. Секако, се мисли на медиуми кои со опис и попис ги наведува Заев како негови најголеми непријатели. А непријателите на Заев и СЈО им се исти.
Заев бара, СЈО извршува, НВО протестира и ги поддржува. Чадорот ги чува од нас.

Па така, ако медиум или агенција која се занимава со реклами или продукција, користела 50.000 евра државни пари од проект е кримогена и предмет на истраги од СЈО, но ако дипломатите на Телма и дадат три милиони евра за емисии кои се строго ес-де-есовски, и кои патем заради мала гледаност се повлечени од програма, тоа е легално.

Има и бетер.

СЈО, според објавените мејлови, ја ангажирало невладината Мост да држат предавања. Да ги описменуваат. Во април финансиска полиција влегла во невладината Мост и барала документи за крајно сомнителни исплати на големи суми пари од страна на Мост кон уште посомнителни адреси во Либан, Јордан, Киргистан, Албанија, Тунис и Палестина.
Кому и колку пари македонска невладина плаќала во овие држави кои, со еден исклучок, се во воени области и предмет на матна политика и терор. Е, тоа нема да го дознаееме. Акцијата на финансиската полиција е запрена по изрично барање на две амбасади во Скопје. Па така, во друштвото на избрани се меѓународната перална за пари Мост, снимениот при барање поткуп, а претходно аболиран Заев и СЈО!

Кога виделе дека Чадорот се отворил над нив, од Мост безобразно изјавуваат: немаме намера да соработуваме со финансовата полиција, и не им даваме документи.
Може ли некој друг, освен нив, во државава да го каже тоа без последици.
Сега СЈО и Мост се соработници. И реториката им е иста. Што кажа Катица во Собрание пред пратениците: Не ви давам информација каде ги трошам парите.

Затоа СЈО е фирма на која малкумина и веруваат, а ја поддржуваат само оние кои имат директен интерес од постоењето и ваквата работа на СЈО.

А двојазичноста? Се турка работата, СДСМ органзира масовни обуки на своите членови низ нивните општински клубови. Учат албански за да агитираат пред избори, а нивното гласачко тело да може да ги разбере. Муџахединот Мухи Зекири, за кој по конгресот се очекува висока партиска функција, ги надгледува работите.

Еве, ботовите на СДСМ, кои дремат на лажни фејсбук и твитер адреси, се потпишуваат со албански имиња, ама плуканиците и коментарите им се македонски.
Заев не е свесен дека двојазичноста веќе е тука, ја имаме, не мора да е вербална. Ние во Македонија имаме два паралелни света, два јазика кои се користат е не се разбираат еден со друг, процес финансиран од странство а помаган од тука.

Ние имаме група која работи и живее надвор од закон: Заев, Верушевски, Шекеринска, Шилегов, СЈО, шарени анархисти, квази невладини организации. Они можат да прават се што ќе посакаат, и немаат одговорност пред никого.

И друга група за која законите важат, а дополнително постојано им суди првата која скриена под Чадорот држи цела нација за врат, заканувајќи се и газејќи врз сите нас.
Во македонскиот јазик нема збор за оваа ситуација. Можеби има во албанскиот?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This