КОЛУМНА НА МИРКА ВЕЛИНОВСКА: Избори во обескостена Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

mirka_milenkoПа нормално дека нема да ,,дрвам“ сега откако четворицата партиски поглавици овластени од евро-атлантскиот центар на моќ (Вашингтон виа Брисел), распишаа вонредни избори. Процесот што пред наши очи се одвиваше речиси цели две години се вика како да спремиш за јадење млада држава сосе народ. За рецептов ви се потребни следниве намирници: 4 неасолни партиски водачи од кои едниот или двајца најмалку треба да се црпнати или штрапани. И тоа, по можност од различно племенско потекло, ама одгледани стриктно по ГМО-стандардите во една иста животинска фарма. Исто така потребни ви се 100 будали заболени од кравјо лудило внимателно распоредени во институции и медиуми и едно илјада до две брбушки по можност од Сорос и УСАИД кои темелно ќе ви го изароматизираат воздухот и со тоа животната околина. Другите намирници што ~ се додаваат на манџава во процесот на крчкање се сметаат за тајни додатоци кои до крајот на готвењето ќе се стопат преплетувајќи ги и мешајќи ги вкусовите. Отприлика нешто како микс од суви зачини или куп гласови спремни за пребројување под будното око на готвачот и неговите помагачи познати како МОСТ. За разлика од другите јадења од оваа светски позната и планетарно активна кујна, за подготовка на македонската манџа потребен е посебен услов. Партискиве поглавици мора да бидат темелно обескостени уште додека се живи, што специјализирани готвачи го прават етапно и минуциозно низ рамковни и пржински преговарачки фази, се разбира, внимателно избирајќи го ,,материјалот“ уште пред и да почне готвењето.

За да биде кредибилно приготвена и успешна македонската тава не се потребни само кредибилни избори. Потребно е тие да бидат потврдени за такви од самиот готвач и неговите помагачи. Што би рекол шефот Џес Бејли, тие треба според резултатите да одговараат на одлуките што треба да ги донесат гласачите мудро насочувани од потписниците и медиумите, секако со помош на цела сурија регулатори, цензори, специјални обвинители, ад хок ДИK-овци и останата криминогено – кариеристичка стока изнајмена како локална контракторска ,,работна рака“.

,,Тоа се оние одлуки кои на крајот ќе ја доведат земјата до кредибилни избори и ќе и овозможат на државата да оди напред во реформи кои ќе ја доведат до евро-атлантските интеграции. Тоа ќе биде критичната точка што ќе се случи, а медиумите ќе имаат важна улога во тоа“. Вели шефот Бејли.

Е сега, ајде јас да ви го преведам кажаново на убав и кристално јасен и прецизен македонски јазик, ослободен од манипулативна скрама и дипломатски лакировки за тешкото срање да го претставиш на пазар како цивилизиран здравствено исправен производ. Значи, без оглед што ќе бамборат наредниве стотина дена обескостениве политичари, знајте дека целта на Америка е преку овие избори да добијат таков политички состав на власта кој ќе гарантира (преку натамошни разградувачки интервенции на македонскиот устав) евро-атлантски интеграции. А сите добро знаеме дека за да н` интегрираат или впијат или потаманат, треба конечно и за секогаш да бидат обескостени и Македонците и Македонија. Не само нивните политички водачи.

На почетокот на кризава, кога беше обелоденет планот за преврат и тоа од самиот Никола Груевски, во едно гостување на МРТ јас си го кажав мислењето дека за главатарот Груевски оваа битка е епска: Или ќе ја заврши со штитот или на него. Во изминатиов период тој го направи својот избор предвреме. Овие издиктирани избори од страна на странскиот фактор нема да сменат ништо без оглед на резултатите. Освен што ќе ја вовлечат и грогираната држава и нејзиното шашардисано население уште подлабоко во веќе ископаната гробница.

Не заборавајте. Kриза немаше. Таа беше исконструирана исто како и во 2001. И таа свесно и намерно беше инфилтрирана во сите сегменти од општествениот и политички поредок преку петата и шестата квислиншка колона. Последиците од ваквиот политички менаџмент со државата која им беше дадена на управување низ изборни резултати (легални, легитимни и кредибилни) на дотичниве главатари и нивните ,,кадровски решенија“ е тоа што го гледаме. Суспендирана држава, комиран Устав, шлогирано судство и лоботомирано законодавство, наркозависна интелектуала, глувонеми и слепи медиуми. Ако се земе да се прави историска паралела, денешнава ситуација е полоша од онаа во Самуилово време кога на секои сто ослепени им следуваше по еден водач кој гледал макар на едно око.

Па се разбира дека за шефот Бејли ова е причина за гордост. Успеа без никаков отпор, без ниту еден куршум, да ја ничкоса цела Македонија. И малку му е, па им се заканува на граѓаните велејќи: ,,Најважно е што мислат граѓаните. Инаку САД и ЕУ секогаш проценуваат кредибилност на изборите, односно дали ќе доведат до фер резултати“. Молам убаво! Човеков ни кажува отворено дека избориве ќе бидат кредибилни за него и неговите само ако ги исполнат целите. А за тие да се исполнат и резултатите треба да бидат избалансирани како и медиумите. Горе–долу со такви бројки што ќе ги направат победници сите четири партиски кланови. Што пак е услов за смрт на државата Македонија.

Е сега, јас да си прашам повторно. Сигурен ли е Никола Груевски во успехот на својата наводна тактика да им удоволува на сите барања на превратнициве со намера да им ги избиел аргументиве со кои ги одложувале изборите и со тоа ја пролонгирале кризава? Ако е сигурен, мисли ли веднаш откако ќе победи (оти тој вели дека тоа е сигурно знаејќи ја волјата и мудроста на народот) да го исчисти ѓубрето кое остана зад пржинската кујна. Ќе ~ го врати ли рбетот на државата Македонија? Ќе може ли и својот рбет да го постави каде му е местото? Ќе го напушти ли конечно марионетскиот театар за возрасни? Сакам да кажам, ќе почне ли да ги отвора пред мудриот му народ темите од кои така невешто и глупаво бега цело ова време, а му вети на народот дека ќе говорел вистина. Ако не сака да заврши како лажгото Црвенковски, може ли барем во овие сто дена ги отвори табу-темите од кои се плашат сите криминалци, меѓународни гангстери, платеници, олош или и тој е еден од инсталираните цензори и регулатори во оваа смртоносна игра.

Јас сум уверена дека македонскиот народ добро знае оти на овие избори нема кредибилен избор на опции. Не истрпе толку голема траума за да избира меѓу ,,опција“ на кризи и ,,опција“ на одгледување на кризите. За таква траума слаба мамка се ветувањата за вработување во странски фирми и некакви си ,,подобри услови за живот“ а притоа да не се знае дали ќе има самоодржлива и функционална држава, односно, стабилна и добро заштитена куќа од секакви кризи. Што е константна народна траума. Ќе гласа народот одлучно за со црвен картон да го отстрани од играта едниот од четирите јавачи на апокалипсата, а другите ќе ги остави да живуркаат до локалните избори со по врачен втор жолт картон. На тие избори ќе го видиме мудрото народно расположение, оти Бејли во нив ја крие својата смртоносна стапица за големиот финиш на ,,кредибилноста“ на изборните процеси. А тоа е нова територијална поделба со исцртани внатрешни граници меѓу племињата на партиските поглавици според постигнатите локални резултати. Затоа локалните и парламентарните избори се датумски одвоени, наспроти прагматичните и рационалните решенија за еден изборен ден. Вака ќе има простор за нови шашми и дубари и секако нови кризирања во ист аранжман.

Пишува: Мирка Велиновска за Дневник

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This