дома Колумни КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Двоен пораз

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Двоен пораз

Што ви реков? Откако ќе заврши референдумот страницте ќе го заборават Зоран Заев. Веќе нема ниту еден од нив за овие три недели. Никој не доаѓа. Му се обраќаат само преку писма. Меркел му прати писмо, сега и Пенс му испрати писмо од Америка, Могерини ќе даде некоја изјавичка, и толку. Веќе не се залетани како што беа. Видоа колку е саатот. Тие се надеваа дека референдумот и да не успее, но ќе биде блиску до цензусот и потоа многу лесно во парламентот ќе ги обезбедат тие потребни осум пратеници. Но, есапот не испадна како што очекуваа.

На референдум излегоа 666.000, заедно со оние наполнетите кутии, а ги има 7-80.000.

Утрешниот ден е пресуден, пратениците нема да му ги поддржат уставните измени. Тоа значи дека Зоран Заев во рок од три недели претрпува два порази и тоа во серија. Еден пораз на референдумот и вториот во Собранието. Процесот на делегитимирање на Зоран Заев започна на 30.септември. Тој е во дефанзива. Одење на избори значи дека е дотеран во ѕид.

Првите две рунди ги добивме, останува третата. На избори се разбира.