дома Колумни КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Каде ги водиш, дрзнику?

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Каде ги водиш, дрзнику?

Минатиот викенд СДСМ и неговите сателити се обидоа да направат нешто што е веќе видено, и најмалку 3-4 пати поуспешно во времето на Бранко Црвенковски кога на маршевите собиравме и по 30.000 илјади луѓе, а денес кутрите не можат ниту 12-13.000. Тогаш јас од Карпош носев околу 4.000 луѓе и заедно со Ацо од Охрид, Циц од Куманово и Заев ние четворицата обезбедувавме 10.000 луѓе.

Зошто толку малку имаа следбеници? Па затоа што очигледно е дека за слобода маршираат само оние што се обезбедени со ПИМ мерки, што си имаат кривични пријави и што ги очекува затворска казна.Тие заедно со нивните поддржувачи како што претходно кажавме се собрале 12-13 илијади, на останатите очигледно слободата не им е загрозена, па дури и на членови на СДСМ кои не го поддржуваат Заев затоа што гледаат дека ова се негови очајнички обиди да се добере до власта.

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Добивам многу честитки за наградата „Климатска Ѕвезда“ што ја доби општина Карпош во Кремс, Австрија. Многумина ме прашуваат како тоа општина Карпош добива толку награди? Одговорот е едноставен – награда даваат за сработено, а не за несработено. Нашето сработено е видливо. Награди не се даваат за шетање по светот како што тоа го правеше Андреј Петров, или за седење во ресторанот „Влае“ како што тоа го правеше Сашо Кузмановски. Туку награда се добива за постојано работење и блискост до граѓаните. Овие двајца градоначалници од СДСМ го водеа Карпош вкупно 13 ипол години, и награди нема. Енерегетската ефикасност беше мисловен поим.

 

[/kopa_block_quote]

Реконструкција на фасади, враќање на комуналии за енергетски ефикасни објекти, одржување на хигиена, садење на цвеќиња и дрвја, за нив тоа беше мисловна именка.

Што се однесува до зеленилото и дрвата, очигледно од Австрија и од белиот свет сватија дека не ги уништуваме и дека не ги сечеме. Само СДСМ, тоа ниту го гледа ниту го сваќа, ниту го разбира. Така си живеат во заблуда, луѓе со црвени партиски очила, многу гнев во душата, и верба во криминалецот кој им е на чело на колоната.
Што би рекол Владимир Назор „Каде ги водиш, дрзнику? Голо и босо, кутро бедно месо?“