Го слушам Ридван Сулејмани, вели дека ако не сме влезеле во НАТО и ако сме се откажеле од таа приказна земјата ќе била во изолација. Голема мисла од малите умови, кои во континуитет цицаат и живеат од странски пари и ги пеат нивните песни.
Сулејмани вели, ако Македонија не бидела во НАТО, тогаш ќе сме биле во изолација. Бре, бре, бре! Како да не, во изолација!
Ќе ви поставам неколку прашања, а вие одговорете ги и престанете да го лажете народот:
- Австрија дали е членка на НАТО? -Не е членка на НАТО. Дали е во изолација? – Не е!
- Швајцарија дали е членка на НАТО? – Не е членка. Дали е Швајцарија во изолација? – Не е!
- Шведска дали е членка на НАТО? – Не е членка. Дали е во изолација? – Не е во изолација.
- Финска дали е членка на НАТО? – Не е. Дали е во изолација? – Нормално дека не.
- Шкотска дали е членка на НАТО? – Не е, секако. Дали е во изолација? – Повторно не.
- Ирска дали е членка на НАТО? – Не. Дали е во изолација? – Не.
Кого бе вие лажете? Лапате странски пари и лажете повеќе од странците.
Да не биде покусо па и Стево Пендаровски да каже нешто за да биде важен. Си поставува прашање – што ако не влеземе во НАТО? – самиот си дава одговор. Вели: – Нема да прекинеме туку ќе продолжиме да преговараме. Што значи тоа „ќе продолжиме да преговараме“? Тоа значи, ќе продолжиме да молиме, да коленичиме и да се понижуваме. Да рушиме црвени линии, да виткаме кичми. Ќе нудиме промена на име, демек, малку ќе го смениме идентитетот и малку јазикот.
Да продолжиме да преговараме, значи, ќе продолжиме со трговијата.
Нема мажи во оваа држава. Замислете и власт и опозиција да излезе со заеднички став во јуни и да каже, ако во јуни не влеземе во НАТО веќе нема да имаме аспирации за членство и ќе бидеме воено неутрална земја. Да видиме тогаш дали нема да најдат начин уште веднаш да не примат во НАТО. Ќе не примат, и да не сакаме со сила ќе не земат. Ама, ние си имаме влада со губитнички менталитет и затоа ќе не зафркаваат како што сакаат. Нема мал или голем народ во дипломатијата. Има вешт и невешт. Овие што се денес на власт се претставници на невештиот народ.