дома Колумни КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Шеќеринска vs. Полицајката

КОЛУМНА НА СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ: Шеќеринска vs. Полицајката

Каде и да отидеш вчерашната полициска брука се коментира. Особено глупирањето на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, и јавното преставување пред камери на понижената и псорамотената полицајка. Нема да бидам ниту зајадлив ниту злобен, само ќе зборувам со факти.

Ќе направиме паралела помеѓу старецот од 72 години кој ја повлече за коса Шеќеринска, и ќотекот кој и е удрен на полицајката од страна на Бекир Асани. Некој ќе рече – Шеќеринска е пратеник. Да, но полицајката е во униформа и нападната при обавување на службена должност. И на Шеќеринска и е упаднато во службените простории во кои таа работи како пратеник и е физички нападната. Но, и полициската службеничка е нападната за време на обавување на нејзината работа. Идентичен случај. Нападот на Шеќеринска е напад врз парламентарната демократија. Нападот врз полицискиот службеник е напад врз целиот безбедносен систем. Речиси идентичен случај.

Каде е сега државниот обвинител кој милува да реагира по допрен глас како што реагира за Антикорупциската комисија? Да, реагира за антикорупциската комисија, ама таму е ставен во служба на политиката. Треба да бидат антикорупционерите и обвинителството е впрегнато во смена на членовите на оваа комисија. За жал, и тука обвинителството е ставено во служба на политиката. Во одбрана на владината коалиција.

Да потсетам, СДСМ е во коалиција со владеачката ДУИ, ха ха ха.

Обвинителот, зошто по допрен глас не отвори истрага. По службена должност ќе го добие разговорот од радио-врската. Точно ќе се види дали таа бара помош затоа што е нападната и што се кажува таму, и дали причините за барање на помош од своите колеги се затоа што се удрила сама во пајакот или затоа што некој ја удирал. Па ако се утврди дека кривичното дело на Бекир Асани некој го прикривал, вклучувајќи го и министерот за внатрешни работи, еве ти случај пар екселанс. Министер кој учествувал во прикривање на кривично дело.

Убиството на Мартин Нешковски исто така беше кривично дело. Се сеќавате, нели? Исто тогашната министерка сакаше да го прикрие и фрлавме со дрва и со камења по нејзе. Во овој случај, ако истрагата покаже дека министерот бил соучесник во кривичното дело, исто така треба да сноси одговорност.

Очигледно владеачката ДУИ, не го ферма својот помал коалиционен партнер СДСМ и прашање е уште колку ќотек СДСМ е спремна да изеде. Очигледно сите станале СДСМ. Полицајката и таа станала како нив, спремна да јаде ќотек.