дома Македонија (Видео)КОМАНДАНТ ФОРИНА САКАЛ ДА ПРЕДИЗВИКА ИНЦИДЕНТ: Талат Џафери со своето „Ауди“ сакал...

(Видео)КОМАНДАНТ ФОРИНА САКАЛ ДА ПРЕДИЗВИКА ИНЦИДЕНТ: Талат Џафери со своето „Ауди“ сакал да пресече преку колоната граѓани!

Обид за предизвикување на инцидент на протестот на граѓанската иницијатива денес имаше Талат Џафери, во терористичките кругови познат како командант Форина, или дезертер од повеќе армии на Балканот

Командант Форина, игнорирајќи ги наредбите на две полициски патроли кои ги блокирале улиците каде што поминувал протестниот марш на „За заедничка Македонија“, се обидел да „пресече“ преку колоната граѓани, кои бурно регирале но не предизвикале инцидент иако намерата на Талат била токму таа.

Пратеникот на ДУИ и кандидат за претседател на Собранието Талат Џафери денеска на најнизок можен начин се обиде да ги испровоцира граѓаните кои во голем број протестираат против Тиранската платформа.

Џафери со автомобил се појави пред масата народ, која се спротивстави на обидите за провокација и го врати назад. Останува енигма дека се работи за смислен пропуст на полицијата на терен, во чии редови пред некој ден на самите протести можеше да се забележи сопругот на Фросина Ременска од СДСМ, Јовче Ременски.

Претходно, обид за предизвикување на инцидент имаше и сопругот на Фросина Ременски, Јовче инаку вработен во МВР.

Токму Ременски е одговорен за постапувањето на полицијата, која наместо да блокира свесно го пропуштила Аудито на провокаторот Џафери, кој дрско сакаше да испровоцира и да издејствува реакција на насобраните граѓани, кои и денеска излегоа во масовен број.

Народот одлучно одговори на ваквите провокации и со негодувања и свирежи го врати назад Џафери.