КОМАНДИР НА УНИФОРМИРАНА ПОЛИЦИЈА ВРШЕЛ ПРИТИСОК: Полициски старешина поставен од хунтата на власт, се заканувал на граѓани да не излегуваат на гласање!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Продолжуваат притисоците кои СДС ги врши врз слободоумните граѓани во пресрет на вториот круг од локалните избори, а овој пат притисокот го врши командир на униформирана полиција поставен од Оливер Спасовски, како дел од партиската хунта на власт

Енис Тутиќ, командир на униформирата полиција во СВР Велес на мини-митингот на ВМРО-ДПМНЕ во општина Градско вршел притисок до членовите, симпатизерите и заинтересираните граѓани да не го посетуваат, испраќајќи закани – велат очевидци на настанот, кои до нашата редакција испратија фотографија од командирот поставен од страна на Оливер Спасовски во партиската полиција на хунтата.

Освен ова, Тутиќ континуирано врши притисоци, велат граѓаните кои ни ја испратија фотографијата, за оние кои според проценка на СДС би гласале за ВМРО-ДПМНЕ да не излегуваат да гласаат во вториот круг, во спротивно „ќе виделе тие.“ Вакви притисоци токму од негова страна вршел и на денот на изборите, додаваат сведоци кои не сакаа да бидат именувани.

Ова не е прв случај на закани и уцени од страна на полициски старешини по доаѓањето на хунтата на СДС на власт, но за жал сеуште нема никаква реакција од страна на надлежните институции како ОЈО или секторот за внатрешна контрола при МВР.

Молчат и надлежните набљудувачки мисии.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This