Комисијата за зapaзни болecти е исполитизирана и работи во служба на власта, граѓаните ја плаќаат цената

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во емисијата „Само вистина“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, се осврна на договорот со Бугарија, ветото кое Македонија го доби како резултат на лошите политики на Владата, како и за 100 дена од формирањето на владината гарнитура на Зоран Заев.

Николоски е дециден и стои на ставот дека Комисијата за заразни болести е исполитизирана и работи во служба на власта, која во немоќ и недостиг на аргументи пред јавноста, ги користи здравствените работници како заштита од ударите на граѓаните кои не се задоволни од борбата со пандемијата.

Николоски додаде дека ВМРО-ДПМНЕ на неколку пати дава предлог за да се формира комисија која ќе биде составена од компетентни здравствени работници, независно од која политичка партија, но да бидат во служба на граѓаните, а не на власта.

На ваквите барања СДСМ и Заев возвраќаат со игнорантски однос, кој не смееше да се случи поради тоа што Македонија секојдневно губи животи, а Заев и Филипче не се доблесни да си ги признаат грешките и да се направи нова стратегија во однос на пандемијата.

Не смееме да дозволиме да ни умираат граѓани поради тоа што неколку луѓе не си ја разбираат работата. Мора да има крај на ваквиот несериозен однос и да почнеме да смируваме пандемијата, а не да се плашиме од нови бранови – вели Николоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This