дома КОВИД-19 (Коронавирус) Комисијата за 3apa3ни бoлecти донесе нова одлука, еве што ќе и предложи...

Комисијата за 3apa3ни бoлecти донесе нова одлука, еве што ќе и предложи на Владата

Комисијата за заразни болести утрово одржа состанок на кој донесе одлука да достави предлог до Владата од утре при влез во нашата земја за сите граѓани од Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора да биде задолжително да достават ПСР тест не постар од 72 часа, информираат од Министерството за здравство.

Препораката на Комисијата е донесена по разгледување на актуелната епидемиолошка состојба во наведените земји и согласно информациите добиени од медицинските власти во овие земји.

Оваа препорака Комисијата за зарaзни болести ќе ја поднесе до Владата за понатамошно постапување.