дома Социјални Мрежи Комити до власта: Вие со вашите недејствија сте соучесници во yбиcтвото на...

Комити до власта: Вие со вашите недејствија сте соучесници во yбиcтвото на Саздо, нема да седиме со скрстени раце и да бидеме cоучесници повеќе во вашите kpвави сценарија

НАвивачката група Комити на социјалните мрежи ја критикуваше селективната правда на власта која секогаш прогледнува низ прсти и ја замајува јавноста со други работи, како не би се открил јазот кој е длабок, и кој веројатно е невозможно да биде премостен.

„Дефинитивно Македонија има еден огромен камен врзан околу вратот, а тој се вика дуи, но и покрај нив има и такви кои имаат корист од целите кои тие ги зацртуваат кои пак се поклапаат со нивните сопствени цели. Секогаш кога треба да се одвлече вниманието на јавноста од крупни политички или национални прашања, секогаш се тука ордите на дуи олицетворени преку Вахабисти и верски фундаменталисти, т.н навивачки групи како таа од Чаир, или пак обичните верници кои се потковани со омраза и кои добиваат инструкции од “верските” објекти. Секогаш тие верски објекти се користат за политички или фундаменталистички цели, и секогаш кога треба да се направи некоја “граѓанска иницијатива” (читај радикален фундаментализам), секогаш без исклучок тоа се случува во Петок, по завршувањето на Петочната молитва. Бевме неколку пати сведоци како Петочни протести се организираат против пресуди за “луѓе” кои на најсвиреп и нечовечки начин и без никаква причина ликвидираа млади момчиња, чиј единствен грев беше што се најдоа на погрешно место во погрешно време. И тогаш позадина на тие “протести” беа други политички промени кои требаше да поминат незабележително во јавноста поради исламската фундаменталистичка опасност. Државата секогаш прогледнува низ прсти и ја замајува јавноста со други работи, како не би се открил јазот кој е длабок, и кој веројатно е невозможно да биде премостен. Илузијата за соживот одамна е изумрена, и се ‘се сведува на бизнис интереси, тендери, благосостојба на терет на обичниот сиромашен и напатен народ“, реагираа Комити.

Комити посочуваат дека полицијата секогаш знаела да покаже брутална сила, со цел да ги лечи фрустрациите од таму каде не може и нема дозвола да биде употребена.


„Ние во најголем дел молчиме затоа што знаеме дека има институции на системот. Сведоци сме дека тие и тоа како функционираат кога сме ние, обичните смртници, кои не сме верски фанатици, џихадисти, терористи и голем товар на ова општество, туку имаме легитимни барања и цели. Системот секогаш бил тестиран на нас. Полицијата секогаш знаела да покаже брутална сила, со цел да ги лечи фрустрациите од таму каде не може и нема дозвола да биде употребена. Ова општество е зрело за ресетирање, и овој купен мир со тендери и брутален апартхеид врз домицилниот и државотворен народ на Македонија, на сметка на едно неразумно радикално малцинство кое не е.е жива сила, затоа што се присутни насекаде во системот, и се заштитени од секакви евентуални последици, и кои како метастаза го ронат и го разградуваат општеството и вредностите кои се граделе со децении и векови.“, се вели во нивната реакција.

Комити го посочија како пример бруталното убиство на Никола Саздовски Саздо кој беше крвнички убиен и оставен на улица.


„Имаме случај на свирепо убиство, по познатиот рецепт на т.н навивачи од Чаир, (5 на 1), кога нашиот Саздо без можност и шанса да се одбрани, е крвнички убиен од млади момчиња затруени со идеологии чие место е далеку од Европа, па дури и од Нормалниот Блиски Исток. Последиците се фатални ! И доколку ова општество генерираше нешто позитивно и знае да разграничи што е добро а што зло, ќе работеше кон тоа овие “луѓе” со испрани мозоци, да се покајат, затоа што покајанието ослободува и ја враќа надежта. Но не, не само што нема покајание, има и искривоколчена и ретардирана потреба тоа да се промовира како вредност и да се брани, да се релативизира, да служи како пример кој создава идоли…Идоли на што? Идоли на простотлукот, идоли на сите оние не-вредности кои прават животот тука во оваа мала земја да биде уште понеподнослив, и да предизвикува секој оној кој е малку нормален и знае да расудува, да биде згрозен и да ја бара иднината некаде далеку…
Државата со непринципиелната толеранција, и пред се високото ниво на корупција толерира вакви суб-човечки однесувања, со тоа што е резервирана иако сите знаат што треба да се направи, или да се спречи да се направи. Но не прави, затоа што е трула од внатре, затоа што на поголемиот дел рацете или им се крвави или им се “во медот”, па молчат за да не си ги загрозат своите лагодности.
Нормалниот свет страда, не затоа што постојат вакви аномалии на човештвото, туку страда од оние кои знаат дека тоа е погрешно, а сепак не го спречуваат…Ние не можеме да седиме со скрстени раце и да бидеме соучесници повеќе во вашите крвави сценарија кои го погазуваа достоинството на народот. Ние имаме многу причини да повикаме на протести, се ни е дојдено преку глава, но највеќе лојалноста кон оваа земја, која очигледно е владеена на рати од едни исти структури, чии морални вредности не постојат и единствена вредност на која се повикуваат се парите, бенефициите, привилегиите.
Со сопствени примери направивме подвиг за спас на Вардар, со сопствени примери цело време покажуваме дека треба да се биде лојален на својата земја. Но на тоа се нема слух, и на се што ќе направиме добро и благодарно ни се враќа со потсмев и омаловажување, не зборуваме за тапшањата по рамо, туку за постапките кои следат или не следат. Вие со вашите не дејствија сте соучесници во убиството на Саздо ! Вие сте машинерија која генерира нетрпение, гнев и револт ! Вие сте ракот на ова општество ! РЕАГИРАЈТЕ ВЕДНАШ ИЛИ ДА ВЕ НЕМА !!! #ПравдаЗаСаздо #МакедонијаНаМакедонците“, реагираат тие.