Комити со реакција за операцијата „Атлантик“: Горди сме затоа што бевме дел од кампањата за #Бојкот на понижувачкиот Референдум

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Горди сме затоа што бевме дел од кампањата за #Бојкот на понижувачкиот Референдум.

Ќе остане запишано дека бевме тука да го охрабриме народот, да истрае и да го сочува достоинството !

Сега се потврдува она што уште тој Јуни, 2018-та го знаевме и многу пати го искажавме и потенциравме. Државната Безбедност била во функција на политичките елити а во колизија со сопствениот народ.

Да се потсетиме дека тогашните и сеуште актуелни политичари не обвинија дека мотивот за борба не била љубовта кон татковината туку “Руски пари” влезени од Грчка страна преку лични пријатели на висок владин претставник. Тогаш дотичниот политичар изјавата ја повлече, но останува моментот дека се конструираше длабока клевета кон Комити како важна алка во отпорот за одбрана на името Македонија, и тоа со злоупотреба на Државната безбедност.

По лажните обвинувања и клевети дека Комити дејствувале по налог на странски служби, отпорот драстично спласна. Сепак и тоа не беше доволно, повторно бевме победници и заедно со Народот го отфрливме понижувањето преку #Бојкот на Референдумот. Референдумот не успеа.

Убаво е вистината да излезе на виделина, за да се знае и историјата да ги казни оние кои ја предадоа сопствената земја, но и да ги постави на вистинското место оние кои застанаа на #Браникот кога тоа беше потребно.

Не обвинуваа…

Затоа што ја сакаме својата земја !

Затоа што не трпиме неправди !

Затоа што нема да се помириме се додека не е ослободена и обединета !

Затоа што сме верни на идеалите, Вардар и другарите !

#НикогашСевернаСамоМакедонија
#ДолуКолаборанти
#ИсторијатаЌеВеКазни
#ИсторијатаЈаПишувамеНие
 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This