дома Македонија Компанијата „Беса транс“ била регистрирана во Ќустендил, канцеларии имала во Скопје и...

Компанијата „Беса транс“ била регистрирана во Ќустендил, канцеларии имала во Скопје и други градови

Компанијата чиј автобус изгоре во сообраќајна несреќа при што на автопатот Струма во Бугарија загинаа 46 патници, е регистрирана во Ќустендил, објавија бугарските медиуми повикувајќи се на проверката направена во Трговскиот регистар.

Туристичката агенција „Беса транс“ функционира од 2011 година, а од 2019 година нејзин управител е Аздрен Зубери, македонски државјанин со албанско потекло, објавија бугарските медиуми. Седиштето на фирмата е во Ќустендил, но има и неколку канцеларии во Скопје и во други градови во Македонија.

„Не можам да ви дадам информација. Не знам ништо“, изјавиле од компанијата за „24 часа“.