дома Магазин Компанијата која го произведува пивото Корона ќе започнува со производство на пијалаци...

Компанијата која го произведува пивото Корона ќе започнува со производство на пијалаци со канабис

Компанијата “Constellation Brands” во чија сопственост се брендовите Корона, Модело и Сведка, подготвена е да инвестира цели 200 милиони долари за производство на пијалаци кои ќе содржат канабис.

Директорот на компанијата, Роб Сендс изјавил дека оваа идеја не е никакво изненадување бидејќи канабисот станува сè повеќе легален во американските држави.

“Успехот на нашата компанија е резултат на тоа што се фокусираме на препознавање на нови потрошувачки трендови, а овој план е вистински погодок”, вели Сендс.

Тој предвидува дека марихуаната наскоро ќе биде легална ширум САД. До тогаш комапнијата има во план тие пијалаци да ги продава и во Канада, каде канабисот ќе биде легален до 2019 година.

Конзумирањето на алкохол драстично се намалува така што ова е нов начин за сличните комапнии да го продолжат својот бизнис.

Во меѓувреме, старосната граница на луѓе кои употребуваат марихуана е измеѓу 18 и 25 години, која постојано се зголемува. Во минатите седум години забележан е пораст на употреба на марихуана (4,6 %), додека кознумацијата на алкохол паднала за 22 %.