дома Македонија КОМУНАЛЦИ СИ ТЕРАЛЕ МОДА: Униформите за комуналците платени 5 пати поскапо од...

КОМУНАЛЦИ СИ ТЕРАЛЕ МОДА: Униформите за комуналците платени 5 пати поскапо од нормално!

Различни комунални претпријатија купувале летни работни униформи за ангажираните работници по различни цени кои се разликувале и за повеќе од пет пати. Со големи разлики во цените во изминатиот двегодишен прериод државните институции правеле и други набавки, открива најновиот Индекс на рационалност што го објави Центарот за граѓански комуникации.

Споредувани се набавките на зимски и летни работни униформи што се дел од личната заштитна ХТЗ опрема кај комуналните претпријатија, потоа цените на кломпите кои како работни обувки најчесто ги купуваат детските градинки, цените
за одржување хигиена во внатрешни работни простории во различни државни институции и цените на системите за инфузија кои ги купуваат здравствените установи.

– Најголемата разлика во цената е евидентирана во набавката на летните работни униформи, а најмала во набавката на системите за инфузија, информираат од Центарот за граѓански комуникации.

Сумарно, кај набавките на комуналните претпријатија индексот покажува дека летните работни униформи се купувани по цени од 424 до 2.773 денари, со што највисоката цена е за 554 проценти повисока од најниската. Зимските работни униформи се купувани по цени од 1.124 до 4.602 денари, со што највисоката цена е за дури 309 проценти повисока од најниската.

Градинките купувале кломпи по цени од 718 до 2.183 денари, со што највисоката цена е за 204 проценти повисока од најниската, Одржувањето на хигиената во објектите на државните институции чинело од 30 до 103 денари за еден квадратен метар месечно, со што највисоката цена е за 243 проценти повисока од најниската цена. Здравствените институции за еден систем за инфузија плаќале од 5,78 до 9,98 денари, при што највисоката цена е за 73 проценти повисока од најниската.

Од Центарот за граѓански иницијативи појаснуваат дкеа во изработката на индексот на рационалност биле вклучени 48 институции на национално и на локално ниво, кои за овие набавки спровеле 53 тендери во текот на 2016 и во 2017 година.