дома Балкан КОНЕЧЕН ДОГОВОР МЕЃУ СРБИЈА И КОСОВО: Харадинај изјави дека конечен договор би...

КОНЕЧЕН ДОГОВОР МЕЃУ СРБИЈА И КОСОВО: Харадинај изјави дека конечен договор би можел да биде потпишан во Вашингтон!

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска на прес-конференција говореше за процесот на разговори со Србија.

Тој рече дека во овој процес веќе нема да се зборува за поделба на Косово или за промена на границите.

„Постапката е далеку од рацете на Могерини, во безбедни раце на Меркел и Макрон. Не е исклучена ниту можноста за финален договор во Вашингтон.

Америка не се откажа од Балканот. И никој не може да ја оттргне Америка од балканските процеси, додаде тој.