дома Актуелно КОНЕЧНИ НЕОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ: На СДСМ му се случи народ, потврдена изборната победа...

КОНЕЧНИ НЕОФИЦИЈАЛНИ РЕЗУЛТАТИ: На СДСМ му се случи народ, потврдена изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ- шамар за Заев од Теарце!

Попусти беа притисоците на СДСМ, агитирање во текот на изборниот молк, надворешни влијаниа и помошта од амбасадите. На СДСМ денеска му се случи народ, кој го верификуваше изборниот пораз на Зоран Заев и ја потврди изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.

Жителите на Теарце не потклекнаа на обидите на СДСМ и Зоран Заев да ја фалсификуваат волјата на народот, изразена на изборите на 11-ти декември. Со прегласувањето во Теарце, се стави печат на исклучително важната победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Според првичните и се уште неофицијални резултати, СДСМ освои околу 250 гласови, додека ВМРО-ДПМНЕ 150 гласови. Овие бројки покажуваат дека изборниот инженеринг на СДСМ доживеа катастрофален пораз и разликата од 304 гласа се покажа како недостижна и покрај разните игри на Заев и неговите соработници.

Ниту притисоците директно од СДСМ, ниту разни надворешни влијанија и притисоци од странски амбасади, ниту обидите за поткуп и видливиот постизборен инженеринг не беа доволни СДСМ да ја фалсификува волјата на народот и да ја украде победата преку ова прегласување.

СДСМ и сите нејзини помагачи во овие заткулисни игири денеска добија силна шлаканица од жителите на Теарце. Како попусти се покажаа целиот изборен инженеринг и обидите за фалсификување на јасно изразената народна волја. Народот денеска го порази СДСМ и испрати порака дека со никакви игри не може да се згази неговиот избор.

ВМРО-ДПМНЕ денеска не учествуваше на изборите, но тоа не ги спречи жителите на Теарце да го поразат СДСМ и сите негови манипулации изминативе денови.

Конечните неофицијални резултати се 245 за СДСМ и 149 за ВМРО-ДПМНЕ, разлика која не е доволна за промена на распределбата на мандатите!