дома Спорт КОНЕЧНО ДОГОВОР: Позанати деталите од трансферот на Еден Азар

КОНЕЧНО ДОГОВОР: Позанати деталите од трансферот на Еден Азар

Францускиот спортски магазин „Л’Екип“, тврди дека Белгискиот репрезентативец Еден Азар од наредната сезона ќе игра за Реал Мадрид, а Челзи за него ќе добие солидна сума.

28-годишниот Азар ќе си замине од Челзи по крајот на оваа сезона, а негова наредна дестинација ќе биде Реал Мадрид. „Кралскиот тим“ за да го откупи неговиот договор со лондонскиот премиерлигаш ќе одвои 100 милиони евра.

Трансферот на Азар од Лондон во Мадрид ќе се реализира по финалето на Лигата на Европа, во кое Челзи ќе игра против Арсенал.

Белгиецот во редовите на Челзи е од 2012 година и е важен дел од првиот тим.