дома Актуелно Конечно си оди Заев? – Оставката во Собрание од Понеделник

Конечно си оди Заев? – Оставката во Собрание од Понеделник

Премиерот во заминување, Зоран Заев, ќе ја предводи владината делегација во Тирана, каде што на 20 и на 21 месецов ќе се одржи нова средба во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“, на која е најавено присуство и на српскиот претседател Александар Вучиќ и на домаќинот, премиерот на Албанија, Еди Рама.

По локалните избори во земјава, Заев не присуствуваше на последните состаноци во Србија, на кои македонската Влада ја претставуваше вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

На состанокот во Тирана, меѓу другото, се очекува да биде потпишан Меморандум за работни визи меѓу трите земји.

За следната недела Заев најави дека ќе поднесе оставка од премиерката функција, откако тоа веќе го направи во партијата и на негово место е избран Димитар Ковачевски.