дома Македонија КОНСЕНЗУАЛЕН ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО: Попис без етничка припадност, со евидентирање на дијаспората!

КОНСЕНЗУАЛЕН ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО: Попис без етничка припадност, со евидентирање на дијаспората!

Попис на населението без етничка припадност, ама со евидентирање на дијаспората. Ќе обезбеди ли државна Статистика релевантни податоци кои треба да донесат првична застапеност согласно бројот на етникумите, ако се изостави клучниот белег од прашалникот…Бадинтеровото мнозинство, парламентарниот состав, гласањето на сите закони во дадени ситуации мора да се определат по етничка основа. Ако овој белег биде изоставен во пребројувањето на нацијата, ќе доведе до сериозни проблеми во функционирањето на политичкиот систем, коментираат универзитетски професори.

Државна статистика бара решение како со пописот следната година да биде пребројана и дијаспората. Иако пописот како операција има за цел да обезбеди податоци за граѓаните кои живеат во границите на една државата, првиот човек на статистика Симовски објаснува дека во 2020-та ќе се бројат и лицата кои се отсутни повеќе од една година – оправданоста за тоа била олеснување за попишувачките тимови да ги изостават тие домови.

Пребројувањето на дијаспората дополнително фрла сомнеж за релевантноста на добиените резултати, преседан кој не го бележи ниту еден политички систем е анализата на професорската фела.

Крајното решение за тоа кои прашања ќе бидат вклучени во Пописот што треба да се реализира во 2020 година ќе го донесе Собранието со донeсување на Законот за Попис, реагираат преку соопштение и од Државниот завод за статистика.