дома Спорт КОНТЕ ОДГОВОРИ ЗА ВИДАЛ: Тренерот на Интер не беше среќен по ремито...

КОНТЕ ОДГОВОРИ ЗА ВИДАЛ: Тренерот на Интер не беше среќен по ремито со Аталанта вчера

Тренерот на Интер, Антонио Конте не беше среќен по ремито со Аталанта вчера. Сепак, овој резултат ги остави „нероазурите“ на прво место во Серија „А“.

Италијанскиот стратег исто така одговори на прашањето за трансферот на Артуро Видал во гигантот од Милано.

„Не сакам да разговарам за играчи кои не се во соблекувалната на Интер“, беше неговиот одговор за Чилеанецот по што одговараше на прашања за натпреварот со тимот од Бергамо.

– На овој натпревар игравме без четири од нашите најважни елементи. Аталанта поседува интензитет и голема физичка cилa. Дадовме се од себе за да победиме на овој натпревар. Имам одлични момци. Единствената работа за која се надевам е да немаме пoвpeдeни играчи. Инаку, ситуацијата станува пpoблeмaтичнa за нас, рече Конте.