дома Актуелно КООРДИНАТОРОТ НА СДСМ СЕ ИЗРЕЗИЛА: Кадрите на СДСМ тотални непрофесионалци и...

КООРДИНАТОРОТ НА СДСМ СЕ ИЗРЕЗИЛА: Кадрите на СДСМ тотални непрофесионалци и непознавачи на материјата за која се избираат

Новиот Координатор на Пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев уште на првиот настап во Собранието се посрамоти и покажа огромно незнаење на процедурите и Деловникот на Собранието.

Откако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа од него да каже по кој член од Деловникот се повикува и реагира процедурално, тој најверојатно фатен во небрано, се повика на сите членови од Деловникот, што во најмала рака изгледаше смешно и несериозно, но од друга страна демонстрираше големо непознавање и непрофесионалност најпрво како пратеник, а потоа и како Координатор на Пратеничка група на СДСМ во Собранието.