дома Политика КОСАНА МАЗНЕВА ВЛЕЗЕ ВО ТИМОТ НА МИЦКОСКИ: Екс-пратеничката и претседателка на УЖ,...

КОСАНА МАЗНЕВА ВЛЕЗЕ ВО ТИМОТ НА МИЦКОСКИ: Екс-пратеничката и претседателка на УЖ, нов координатор за соработка со политичките партии

Екс-пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ и бивша претседателка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ Косана Мазнева, на вчерашниот состанок на опозициската ВМРО-ДПМНЕ беше назначена за координатор на кабинетот на лидерот Христијан Мицкоски за координација и соработка со други политички партии

 

Освен Мазнева, во кабинетот на лидерот Мицкоски влезе и екс-градоначалникот на Аеродром Ивица Конески.

Мазнева важи за една од најуспешните пратенички на партијата, како и претседателка која помогна сериозно да се реформира Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, издигнувајќи ја партиската организација како една од најважните и најдобро организирани оперативни органи на партијата.

Во својот пратенички мандат Мазнева беше позната по нејзините аргументирани излагања.

Во текот на денот се очекува и официјална потврда од партијата.