дома Балкан КОСОВО ГИ ЗАКОПА ПРЕГОВОРИТЕ СО СРБИЈА: Приштинската платформа беше трет и последен...

КОСОВО ГИ ЗАКОПА ПРЕГОВОРИТЕ СО СРБИЈА: Приштинската платформа беше трет и последен удар врз дијалогот!

Приштинската платформа е трет и последен удар со кој Косово ги закопа дијалогот со Србија, изјави премиерката Ана Брнабиќ по седницата за национална безбедност која претседателот Вучиќ за закажа откако платформата беше во Приштина беше усвоена.

„Првиот удар беше непочитувањето на Бриселската спогодба која беше потпишана пред скоро четири години. Вториот удар беше воведувањето на даноците кон Србија на 6ти ноември кои на 21ри ноември беа дополнително зголемени.“, потсети таа.

Даноците се уште се во сила и Приштина јасно стави на знаење дека нама намера да ги повлече.

Третиот и последен удар е усвојување на платформата.

Српската премиерка додаде дека оваа платформа не само што е неприфатлива туку и се коси со здравиот разум.