дома Балкан Косово го одложи почетокот на учебната година поради лошaтa eпидeмиолошkа состојба

Косово го одложи почетокот на учебната година поради лошaтa eпидeмиолошkа состојба

Почетокот на учебната година во Косово е поместен од 1 септември на 13 септември поради моменталната епидемиолошка состојба, одлучи денеска Министерството за образование при привремените установи во Приштина.

Според приштинска Коха, се очекува дека одлуката наскоро ќе биде официјално објавена.

Министерот за образование Арбери Нагавци на Фејсбук објави дека враќањето на училиште мора да биде безбедно и дека интересот на децата е примарен при донесување одлуки.