Косово го ykинa полицискиот час и го продолжи работното време на угостителите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По видното намалување на бројот на заразени и починати од Ковид-19, Владата на Косово денеска одлучи да го укине полицискиот час, односно забраната за движење на граѓаните од 23 до пет часот, која беше во сила досега, како и да го продолжи работното време на угостителските објекти за еден час, односно до 23 часот, јави дописникот на МИА од Приштина.

На денешната седница на Владата на Албин Куртибеше прифатен предлогот на министерот за здравство Арбен Витиа за олеснување на мерките за заштита од ширењето на пандемијата на Ковид-19.

Покрај споменатите олеснувања во однос на движењето на граѓаните и работата на уостителите, со владината одлука се дозволува и движењето на граѓаните на отворено без заштитни маски, доколку не се во друштво на други лица, односно се движат сами.

– Според извештајот на Институтот за јавно здравство на Косово, епидемиолошката ситуација во Косово се прикажува како стабилна, со продолжување на падот на позитивни случаи. Главни мерки се следните: Се укинува ограничувањето на движењето, меѓутоа од полноќ до 5 часот не се дозволува собирање на лица во внатрешни и надворешни амбиенти; се продолжува работното време на угостителството до 23 часот; се укинува обврската за носење маски на граѓаните додека се движат сами во надворешни амбиенти, информира Витиа.

Во Косово последните денови е забележан значителен пад на бројот на заболени и починати од Ковид-19. Од, во просек, по три илјади извршени тестирања дневно, последнава седмица заразени од коронавирусот резултираат меѓу десетина до најмногу 45 заразени (18 во последните 24 часа), а значетелно е намален и бројот на смртни случаи како последица на пандемијата – двајца починати во последните пет дена, ниеден минатото деноноќие. Бројката на активно заболени од Ковид-19 во земјата, според последниот дневен извештај на надлежните здравствени власти, моментно изнесува 2.593.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This