дома Балкан Косово доби нов обвинител за воени злосторства

Косово доби нов обвинител за воени злосторства

Новиот обвинител за воени злосторства во Косово е Американецот Џон Смит кој доаѓа на местото на Дејвид Швендимен. Смит ќе ги продолжи напорите на судот за покренување на првите обвиненија, три години откако беше основано Специјалното обвинителство на Косово.

Новиот главен обвинител е именуван од Посебниот суд кој ги истражува злосторствата извршени врз косовските Срби.

Инаку, претходниот обвинител се повлече од должноста на 31 март, со што предизвика пречки во работењето на судот кој косовските политичари настојуваат да го укинат.

Судот, односно Специјализираниот совет е воспоставен во 2015 година во Хаг со цел да ги истражу злосторствата извршени од поранешната ОВК во 1998 и 1999 година, по што Косово се отцепи од Србија.

Обвинителите и судиите се странци, но судот е основан според косовските закони и е во надлежност на Приштина.