March 29, 2024, 12:04 pm

Косово зaбpaни влез во земјата на српски министер

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово потврди денеска дека не му дозволила влез во земјата на министерот за млади и спорт во Владата на Србија, Вања Удовичиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

– Ви потврдуваме дека Министерството за надворешни работи и дијаспора не го одобри барањето на министерот во српската Влада за влез во Република Косово, се вели во известувањето на косовското МНР.

Косовските и српските медуми претходно ја пренесоа реакцијата на директорот на Канцеларијата за Косово при Владата во Белград, Петар Петковиќ, кој забраната за влез на Удовичиќ во Косово ја оцени како „еднострана и самоволна одлука” на косовските власти, спротивна на веќе потпишаните договори меѓу Белград и Приштина со посредство на Европската унија.

Удовичиќ денеска требало да го посети огранокот на Приштинскиот универзитет во Северна Митровица, каде што, според српската канцеларија за Косово, требал „да разговара со младите и да им подели стипендии”. Тој исто така требало да посети и центар за екологија и спорт во Зубин Поток, општина во северно Косово со мнозинско српско население.

Според официјален Белград, барањето на српскиот министер е одбиено без образложение синоќа, „во ниедно доба од ноќта”, иако тој ги испочитувал процедурите предвидени со протоколите за посети на официјални претставници од едната во другата земја.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This