April 20, 2024, 12:08 pm

КОСОВО И УЧК СЕ ЗАКАНУВААТ СО ВОЈНА ПРОТИВ ЦРНА ГОРА: УЧК, АНА, ОНА спремни за отворена војна со Црна Гора?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Jас не сакам ни да помислам дека Парламентот на Косово нема да го изгласа договорот, бидејќи штетата ќе биде многу голема за Косово, рече косовскиот претседател кон повикува на изгласување на договорот за демаркација меѓу Косово и Црна Гора

uck_sad

Организацијата „Албанска народна армија” се закани дека ќе дојде до војна меѓу Албанците и Црногорците доколку биде ратификуван договорт за демаркација со Црна Гора.

 

Оваа организација ги повика политичките партии во Црна Гора да го отфрлат договорот, бидејќи со неговото прифаќање ќе ја „преземат одговорноста за избувнувањето војна меѓу двата народа”.

 

Во прогласот на оваа организација, доставен до медиумите, се наведува дека пратениците од косовскиот Парламент ќе бидат сметани за предавници доколку на седницата на 1 септември гласаат за договорот за демаркација.

 

Од „Албанската народна армија” наведуваат дека нивни членови ќе бидат распоредени на одредени места за да го следат развојот на ситуацијата.

hasim_taci

Косовскиот претседател Хашим Тачи, пак, упати апел до пратениците на косовскиот Парламент да гласаат за договорот за демаркација на границата со Црна Гора, бидејќи во спротивно ќе го донесат под прашање кредибилитетот на Косово, и што е позначајно, односите со главниот сојузник, САД.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]-Јас не сакам ни да помислам дека Парламентот на Косово нема да го изгласа договорот, бидејќи штетата ќе биде многу голема за Косово. Неизгласувањето на демаркацијата носи опасен преседан за политичката иднина на Косово, бидејќи ќе се започне со традиција каде вистината и правата може да бидат нарушени со насилство и уцена, оцени Тачи.[/kopa_block_quote] Според шефот на косовската држава пратениците кои ќе гласаат против демаркацијата ќе сносат историска одговорност.

И премиерот Иса Мустафа во неколку наврати побара од пратениците да го изгласаат договорот, а вчера апел со критика до косовската политичка класа упати и британскиот амбасадор во Приштина, Рори О’Конел.

-Не губете време со демаркацијата, позанимавајте се со корупцијата порача британскиот амбасадор.

Договорот за демакрација на границата, пред една година, на 26 август 2015 година во Виена го потпиша Хашим Тачи, во својство на шеф на косовската дипломатија.

Ратификацијата на договорот на дневен ред на косовскот парламент е на први септемри.
Против договорот е опозицијата, која во парламентот брои 30 пратеници, се уште недефиниран став има пратничката група на „Листа српска”, која има десет пратеници, а против се и седум пратеници од владејачкото мнозинство.

Парламенот брои 120 пратеници, а за изгласување потребни се 80 гласови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This