дома Балкан КОСОВО ЌЕ ГИ „РЕВИДИРА“ ГРАНИЦИТЕ СО МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА: Доколку се...

КОСОВО ЌЕ ГИ „РЕВИДИРА“ ГРАНИЦИТЕ СО МАКЕДОНИЈА И ЦРНА ГОРА: Доколку се отори прашањето за границите нема да ги заборавиме Албанците од Македонија и од Црна Гора

– Поранешната косовска министерка Едита Тахири, која ја предводеше делегацијата на Косово во дијалогот со Србија, за тиранската телевизија „Ора њуз“ изјави дека доколку се отвори прашањето за размена на територии со Србија, според неа „албанските граници се дури до Ниш“.


Доколку се отвори темата за границите на Балканот, посочува Тахири, Албанците се поготвени и нема да ги заборават Албанците од Македонија и Црна Гора.

– Не можеме делумно да ги решиме работите и да останат Албанците од Македонија и од Црна Гора надвор од границите. Запомнете дека кога го поставивме проектот за независност, одлучивме во согласност со нив. Албанците од Прешевската Долина, од Македонија и од Црна Гора се согласија. Ова е национално прашање, им припаѓа на сите, вклучувајќи ја и Албанија, посочи Тахири.

Таа оцени дека прашањето за менување на границите претставува опасност не само за дестабилизација на Косово туку и на регионот, дека во Косово се води жестока дебата по предлозите на претседателот Тачи, кој според неа треба да се однесува според неговите уставни надлежности.