дома Балкан КОСОВО ЌЕ ГИ УКИНЕ ТАКСИТЕ КОН СРБИЈА: Хашим Тачи по средбата во...

КОСОВО ЌЕ ГИ УКИНЕ ТАКСИТЕ КОН СРБИЈА: Хашим Тачи по средбата во Националниот совет за безбедност на САД, со одлука да се укинат таксите кон Србија!

Претседателот на привремените приштински институции Хашим Тачи и копретседавачот на тимот за продолжување на дијалогот со Белград Фатмир Љимај и Шпенд Ахмети денес потврдиле дека се подготвени да ги испочитуваат барањата на САД за суспензија на наметнатите стопроцентни такси за увоз на производи од Србија и БиХ

Тачи, Љимај и Ахмети тоа го потврдиле во разговорот со американските претставници на Националниот совет за безбедност Џон ерат и Вилијам Беркли, соопштуваат од кабинетот на Тачи, пренесува приштинскиот весник „Зери“.

Тие, се наведува, изразиле подготвеност да се постапи по барањата на САД за суспензија на таксите и продолжување на дијалогот со Белград.