Косово oфициjaлнo ja oтвopи aмбacaдaтa вo Ерусалим

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти во неделата дека косовската амбасада во Ерусалим е официјално отворена, согласно договорот за меѓусебно признавање со Израел, постигнат во Вашингтон на 4-ти септември минатата година.

Во соопштението на косовската дипломатија се наведува дека, при воспоставувањето на дипломатските односи на 1-ви февруари годинава, министерот за надворешни работи на Израел, Габриел Ашкенази ја откри плочата на амбасадата на Косово во Ерусалим.

„Во неможност да бидат присутни во Ерусалим претставниците на косовската држава, поради ситуацијата со пандемијата, МНР ја упати вршителката на работите во Израел (Инес Демири) плочата откриена од министерот Ашкенази, заедно со државното знаме, да ги постави на објектот на Амбасадата на Косово во Ерусалим. Поставувањето на плочата и државното знаме ја одразува посветеноста на Владата на Косово да ја исполни обврската што ја презеде за сместување на дипломатското претставништво во Ерусалим“, се вели во соопштението на косовското министерство.

На одлуката на официјална Приштина за отворање дипломатско претставништво во Ерусалим, односно за признавање на тој град за престолнина на еврејската држава, се спротивставија Арапската лига, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и официјален Брисел.

Согласно вашингтонскиот договор со Србија, постигнат со посредство на тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп, Израел ја призна независноста на Косово, а за возврат Приштина прифати да ја отвори својата амбасада во Ерусалим. На тој начин Косово стана првата земја со мнозинско муслиманско население која отвора амбасада во тој град.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This